ВРИЕ КАКО ВО КОШНИЦА
Бриу како во кошница, земјоделци вредни
растрчани в поле за работа жедни.
Секој со своја мака
испотено чело, испотена рака.
Комбајни брчат леб се збира,
трактори по нив слама се балира.
Тутунари вредни лист, по лист се бери,
може ли некој оваа мака да ја мери.
Распослано поле изорано до бразда,
но секој си знае до каде е газда.
Се трча на сите страни, летнина се збира,
пред кооперација вечер муабет и ладна бира.
И се така, дури летото е во ек,
вредните земјоделци се’ се на штрек.
Се работи, се произведува, но нема кој поштено да го плати,
па ќе се даде џабе колку за сметки и рати.
Се лутат земјоделците, молат Владата да реагира,
а, не само кајмакот да го збира.
Несвесни бараат субвенции да им даде,
а, не сфаќаат дека токму таа потта им ја јаде.”
-Ова е поема напишана од земјоделци, организатори на утрешниот протест.