Денес, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани излезе со следниот став:
Соопштение:
Квалитетното здравство кај нас е „мртво слово на хартија“!
Најважно од се, е во овие моменти на глобална светска здравствена криза да го заштитиме белиот мантил од ситни калкулации и лажна храброст на индивидуалци кои треба да си одговараат за стореното.
Кочани денеска и официјално го забележа и првиот заболен од вирусот КОВИД-19 за во исто време на сите националните медиуми да одекне веста за синот кој добил известување од кочанската болница дека мајка му починала. За среќа жената е жива.
Бараме од власта и од директорот на кочанската болница веднаш да воведе ред, да открие на јавноста кој си дозволува незаконски да соработува со погребалните претпријатија, и кој си дозволува да зема пари под рака?
Бараме директорот да не се крие позади изјави “МВР е известено“, или “истрагата ќе покаже“, Вие како директор сте одговорен за законското работење и треба да знаете што ви се случува во институцијата!
Не смееме да дозволиме ваквите скандали да го валкаат името на вработените во нашата болница, несмееме да дозволиме да се фрла во кал белиот мантил само затоа што Вие незнаете што ви се случува во институцијата!
Вашето соопштение по ваков скандал треба да е чисто и чесно без изговори и криење.
Бараме ВЕДНАШ да се стави ред во кочанската болница и бараме директорот да упати јавно извинување до семејството, до граѓаните и до сите вработени кои беа на удар на јавноста поради ваквиот скандал!
Паралелно со овие случувања, кризата секој ден произведува нови отпуштања и сиромаштија, во овие моменти, најмалку што ни треба е неспособност во работењето.
Со почит,
ОК Кочани