Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Почитувани,
Барајќи ја Вашата поддршка на парламентарните избори 2016 година ветив и дадов свечена изјава дека ќе ги застапувам граѓаните во Собранието, почитувајќи го Уставот и законите и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.
Како пратеник, немам мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата Татковина – Република Македонија.
Затоа јавно кажувам дека јас, Павлинка Честојнова, нема да гласам никакви уставни измени кои ќе го загрозат уставното име на Р.Македонија и нашиот идентитет!
Македонија вечна!!!