Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
-Фејсбук профилот речиси никогаш не го користам за политички изјави и себепромоција. Но секогаш постојат исклучоци и да нема недоразбирања, како пратеничка во Собранието на Р.Македонија, не само што нема да гласам за измени во Уставот што подразбира промени на уставното име, туку јавно кажувам дека воопшто нема да гласам на престојниот референдум, Времето ќе покаже дали одлуката е правилна или не, но како и да е, цврсто стојам зад неа.