На 5 јули 2018 г. со настанот под наслов „Музика за флејта и пијано“ во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе започне 11. издание на културната манифестација „Петровденски конаци“.
Флејтиската Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ ќе настапат со дела од Стојан Стојков, Александар Џамбазов, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Трајко Прокопиев и други македонски автори. Митева и Трбојевиќ се професорки по флејта и пијано, со богата биографија во образованието и концертната дејност.
Самостојно и како членови на камерни состави тие одржуваат концерти како во Република Македонија, така и пошироко. Свеченото отворање на „Петровденските конаци“ е во 20:45 ч.