• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Пијанечкa република

април 20th, 2019 Македонска бесмртност коментари 1252

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Пијанечкa република

По завршувањето на Руско турската војна во 1878 година, во областа Пијанец – Делчевско во Источниот дел на Македонија била создадена слободна територија, во историјата позната под името Пијанечка Република.

Не задоволен од развојот на настаните во однос на македонското прашање, војводата Илија Марков Малешевски (Дедо Иљо Малешевски) во соработка со другите македонски војводи: Ѓорѓи Пулевски, Григор Огненов, Ѓорѓи Цочов, Коте Карчов, Димитар Трифунов Цветков и Ѓорѓи Антонов ги разоружале башибозучките банди во селата јужно од Ќустендил, и без судири го запоседнале реонот Пијанец.

Оваа акција започнала на 20 јануари 1878 год. (стар стил). Бидејки се знаело дека турската војскаи властите се повлекле од Пијанец, а останале само Башибозучки банди, Иљо Малешевски решил да ги разоружа и тоа без дозвола на руските власти во Ќустендил. На местото Ветрански ливади тој се состанал со влијателниот буљукбаша Мустафа Брзе од село Габрово. Со него било договорено муслиманските првенци од пијанечките села (12-14 на број) во рок од три дена да го соберат оружјето и да го предадат на неговата чета во Долен Црквенец каде се наоѓал неговиот штаб. Истото било направено без отпор, а му се потчинил и прочуениот пијанечки ајдук Суљо.

Во оваа ослободителна акција се вклучил и Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски. Овие здружени чети од околу 150 вооружени луѓе направиле обиколка на селата, при што било убедено населението во нивните ослободителни намери. Исто така била формиранна – востаничка власт составена од востаничките чети, селските старешини, привремена полициска стража (12 души) и една комисија составена од првенците: Иванчо Попов Икономов од Царево село – претседател, Ангел С. Чинев, Никола Тодоров, Мицо Киселички, Мане Арсов, Мануил Поп Костадинов, Ангел Н. Чорбаџиски, Мито Н. Бојаџијата, Амит Кадисли и Мола Мехмед. Во втората половина на Февруари било објавено дека Пијанец останува под турска власт, а четите на Иљо Малешевски и Димитар Беровски добиле наредба да се повлечат во Ќустендил. Сепак впоставената власт во Пијанец продолжила да опстојува се до 29 март 1878.

Тогаш пазарџиите враќајќи се од Виница ја донеле веста дека од Кочани кон Царево село доаѓа многубројна турска војска составена од неколку табури (батаљони) со 4 планински топови и 150 коњаници. Ова предизвикало страв и паника кај христијанското население во пијанечките села, кое набрзина почнало да бега (околу 160 семејства) кон Ќустендил. Еден дел од бегалците се вратиле на почетокот на зимата а другите се населиле во испразнетите турски куќи во Ќустендил, Софија и Ловечко. Турската војска пристигнала во Царево село на 30 март 1878 год.. До христијанското население било пратено соопштение дека нема да му се случи ништо ако се врати во своите домови. Иако тоа било прифатено со недоверба, сепак подоцна се покажало дека турските власти навистина не направиле никакви репресалии врз македонското население.

Извор: Википедиja

🇲🇰🇲🇰🇲🇰М.В.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Превземено од: По патот на македонската историја

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Лазарева сабота
Следна објава Честитка до сите верници кои го чествуваат католичкиот Велигден од Христијан Мицкоски
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 519
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 880
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 902
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 561
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 554
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 789
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 577
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 999
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 533
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

549
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1948
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.