• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Писмо од Македонци од 1905 до Европа: Грците извршија ужаси нечуени во светската историја!

март 31st, 2019 Македонска бесмртност коментари 2064

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Писмо од Македонци од 1905 до Европа: Грците извршија ужаси нечуени во светската историја!

Загоричани по масакрот

„Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!“

Овие пораки не се напишани сега, по уште едната срамна одлука на европската администрација во однос на Македонија. Во овие пораки Македонци се жалат на однесувањето на Европа, на цивилизираните земји што го толерираа ваквотo однесување на Грците. Во 1905 година!
Се работи за масакрот во македонското село Загоричани на 25 март во 1905 година кога ѕверски биле убиени 62 селани, деца, жени-старци од страна на грчките андрати, кога биле запалени куќи, ранети луѓе… Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис, Грк што целиот живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор.

Цитатот од погоре е писмо од преживеаните селани на Загоричани испратено до австрискиот и рускиот конзул во Битола.
Овој масакр се смета за еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и припаѓа на Грција. Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска, која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.
Еве што италијанскиот полковник Албер, офицер на италијанската армија кој учествувал во многу борби со дивите африкански племиња, напишал за убиствата во Загоричани.

„Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“.

Тој, заедно со неговиот колега Манери, австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, кога пристигнале во Загоричани ден-два по злосторството, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат. Обезличени тела, пресечени грклани, избодени очи, распорени гради, исечени раце и нозе… е само мал дел од описите на очевидците на овој грозоморен чин.
Велат дека пламенот во селото од далеку го посматрал и Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или се зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото.
Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело царско село. Ова име го добило во 1928 година.
Еве го писмото од населението на с. Загоричани што на 28 март 1905 година му го напишале на рускиот и австрискиот конзул за ѕверскиот колеж на жителите на селото.

До господата рускиот и австрискиот конзул

На 25 март во темни зори една грчка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најнапред слушнавме како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде. Со голема сила, разбојниците не им дадоа на несреќните селани навреме да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од по 4 до 8 души […] О, Боже!!! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село! Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на „вандализмот“! Секој што падна во нивните безмилосни раце беше трагично убиен! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту нивните солзи и писоците на малите и невини деца, ниту паричните награди, кои разбојниците ги прифаќаа на драго срце – ништо не беше во состојба да го омекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!!
Сите ние ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам, чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Георгиос Каравангелис), ако не пристигнеше еден одред војска. При појавата на тој мал одред војска разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од сигурна смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението нè спаси!!!

По тоа малку време (разбојниците отворија оган во 10 и пол часот „алатурка“. Аскерот се појави во 1 часот и по еден и пол час борба, во 2 и пол часот, бандата се повлече) додека разбојниците дивееја во нашето село, беа извршени злосторства, чии размери јасно се гледаат од таблиците што се дадени во прилог.

По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!
Бараме казнување на виновниците и обезбедување на човечкиот живот и на човечките права!

Од целото население на село Загоричани

(Писмото е објавено во зборникот „Руски документи за Македонија и македонското прашање (1859-1918)“, издание на Архивот на Македонија).

Пренесува “По патот на Македонската историја“

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава По најавите од Заев дека ќе се увезува работна сила од странство, се појавија и првите огласи
Следна објава Зоки со мотори на кафе со Митко Јанчев и Панчо Минов во Кавадарци, а Македонија гори-информира Јоци
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 652
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1016
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1015
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 661
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 637
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 861
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 652
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1120
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 591
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1187
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2041
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.