По објавата на социјалните мрежи на градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров дека излегол на увид на реализацијата на проектот за проширување на станицата за вода во Виница, во јавноста своја реакција упатија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Виница.
Од опозицијата во Виница го прозиваат градоначалникот дека повторно прави увид во реализацијата на работите и има четврта објава за овој проект чие што финансирање е обезбедено од страна на една од претходните влади на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
“На 28 јануари оваа година, објавивме дека во недостаток на активности и очајна реализација на ветените проекти од изборната програма Живот во Виница, градоначалникот Ивица Димитров веќе трети пат реобјавува за проектот Проширување на филтер станицата за вода во Виница и поврзување на с.Лески со виничкиот водовод.
Еве денес сме сведоци повторно на “увид во работата” и нова објава за овој проект и по четтврти пат!
Во објавата не е наведено од каде и КОЈ ги обезбедил финансиските средства за овој проект, па еве ние повторно да појасниме за граѓаните на општина Виница, иако веќе еднаш ја корегиравме и општината која тврдеше дека парите се обезбедени со ГРАНТ
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3966189483396260&id=516148198400423Мораме да ја корегираме општина Виница и да ги запознаеме граѓаните на општина Виница и пред се жителите на с.Лески на кој начин се обезбедени финансиските средства за проширување на филтер станицата за вода во Виница и поврзувањето на с.Лески со виничкиот водовод.
Имено не се работи за ГРАНТ од Европската инвестициона банка туку ЗАЕМ од 50.000.000 евра обезбеден од Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ за кој што е и донесен посебен ЗАКОН од Собранието на РМ објавен во Службен весник на РМ на 16 јуни 2010 година.
Понатаму со Одлука на Владата на ВМРО ДПМНЕ објавена во Службен весник на РМ на 24.11.2010 година, Виница од овие 50 милиони евра добива 695 илјади евра. Од овие средства кои ги доби Виница до сега се реализираа 2 проекти и тоа:
Реконструкција на дел од водоводната мрежа во Виница
И реконструкција на дел од водоводната мрежа во с.Блатец
Додека пак останатите средства во висина од 400 илјади евра се предвидуваат за проширување на Филтер станицата во Виница и поврзувањето на с.Лески со виничкиот водовод.”
-соопштија во јавноста од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница.


