Во синоќешното издание на емисијата “Јади Бурек” со Јанко Илкоски која се емитува на ТВ СОНЦЕ, се јави Претсeдателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој во програмата одговараше на повеќе прашања поврзани со протестот за слобода на уставобранителите кој што во организација на Македонската дијаспора се одржа во неделата, како и за можностите за ревизија нресудите за тероризам според кои уставобранителите беа осудени на драконски казни кои ги издржуваат во Македонските затвори.
Мицкоски исто така говореше и за можностите за промена на актуелната власт како и односот на актуелното парламентарно мнозинство предводено од Талат Џафери. Тој притоа порача власта да не си игра со институциите и со нефункционалниот парламент се додека не е доцна, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди до крај во реализацијата на т.н. Македонска пролет која Мицкоски ја најави пред неколку месеци токму во емисијата “Јади Бурек”.
Целиот разговор и вклучување во живо на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата на ТВ СОНЦЕ погледнете го во сл. видео во продолжение:


