Милена Дравиќ една од најпознатите актерки во поранешна Југославија, почина синоќа по тешко боледување на клиниката на Бежаниска Коска во родниот Белград, Србија, на 79-годишна возраст, Актерка во голем број играни филмови и серии, заедно со нејзиниот сопруг Драган Николиќ, кој почина во 2016 година, беа најпознатиот актерски пар на овие простори.
Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои и на филмскиот фестивал во Кан.
Милена Дравиќ оствари многу монументални улоги значајни и за Македонската кинематографија.
Една таква улога е улогата во филмот “До победата и по неа” од 1966 година.