На социјалната мрежа твитер Зоран Заев во новата година откако се колнеше во децата, неуспешниот референдум за промена на името, како и противуставната промена на Уставот во парламентот, денеска за првпат во јавноста не го употреби името на државата со новата претставка-терминот на “с”.
Во пресрет на Предвремените парламентарни избори во лов на гласови Зоран Заев како предводник на СДСМ ќе го слушнеме со секаква реторика вклучително и онаа која што на него му е најсвојствена: лажниот патриотизам…
Во предизборниот период во 2016 година Зоран Заев ветуваше се и сешто за да дојде до власт во државата. Неговите ветувања многу набргу по седнувањето во “првата фотелја” во Владата ги заборави, а неговите зборови станаа најголеми гафови и измами кои што ги преживеал Македонскиот народ.
Сега кога е соочен повторно со волјата на граѓаните, Зоран Заев веројатно ќе вети нови мегаломански ветувања кои што напатените граѓани на Македонија според него ќе сакаат да ги слушнат.
Но, народот е најмудар кога молчи!


