Под мотото ,,Твоето незнаење, чини живот” ,под организацја на Црвен Крст- Берово, во соработка со Општина Берово, пред присутните граѓани и претставници од институциите, во Салата на општината, одржа предавање на тема ,,Прва помош на патиштата”.
Др. Елена Милошевска Веселинска, низ илустративни слајдови, презентираше како треба да се постапи, кога ќе се најдеме во близина на повредени лица, од сообраќајна незгода, пожар и во случај да треба да пружиме некому, прва помош.
Пред присутните низ вежба, беа симулирани состојби на прва помош и беше упатено на одредени постапки кои доколку ги знаеме, можат да помогнат да се спаси човечки живот.
Црвениот крст е хуманитарна организација, која работи на унапредување и заштита на здравјето на граѓаните. Еден од многуте аспекти кои Црвен Крст ги покрива е и првата помош.

