Централните делови на Босна и Херцеговина беа поплавени од силно невреме од дожд кое го зафати овој дел на земјата.
Невремето поплави куќи, уништи голем број на локални и регионални патишта кои биле блокирани поради големо излевање на вода, поплавени се и објекти кои се справуваат и со лизгање на земјиште, а урнати се и мостови.

Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглајм, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи. Во местото Зеница поплавени се неколку населби, додека патната комуникација била прекината во местото Свице.
Поплави има и на подрачјето на Среднобосанскиот кантон во местото Малина кај Травник, каде се поплавени неколку објекти.
Во текот на ноќта и утрово, поради намален интензитет на дождовите, состојбата е нормализирана, а нивото на водата во реките се намалува. – пишуваат босанските медиуми.