Во неколку општини во Брегалничкиот регион во изминатите повеќе месеци се случува инциденти со масовно труење на кучиња од страна на непознати сторители. Органите на власта воопшто и да не санкционирале ниту еден одговорен поединец за ваквата монструозна појава а случаите завршуваат “под ќилим”.
Ваквата неефикасност на органите на прогонот за справување со овие монструми кои трујат кучиња на јавни површини мора во иднинада да се промени, но далеку покомплексен е самиот проблем за негово целосно решавање и сузбивање на ваквата појава.
Во текот на вчерашниот ден од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Македонска Каменица објавијаја информација дека по појавата на масовно труење на кучиња во нивната општина од пред неккој месец сега оваа појава се појавила и во општина Виница.
Синоќа во Виница масовно биле труени кучињата скитници. Ваков инцидент за жал се случи и во М.Каменица пред неколку месеци, па за истиот да не се повтори, како и заради хуман третман на животните и спречување на било какви штетни последици врз здравјето на луѓето, апелираме до општината М.Каменица и сите надлежни служби навреме да ги заловат кучињата скитници од нашите улици. Апелираме и до сопствениците на домашни миленици да не ги пуштаат слободно да шетаат на улица.
-напишаа на фејсбук од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица.