Минатата недела изби вербална расправија и заострување на воената реторика меѓу Техеран и Вашингтон во врска со ситуација во водите на Персискиот Залив каде повеќе воени бродови на револуционерната гарда на Иран се проближиле на бродовите на американската морнарица.
Официјален Пентагон го нарече потегот на Иран како опасен и провокативен а иранските власти објавија видео во кое се гледа како американските бродови се тие кои се приближуваат на иранските.
Во текот на вчерашниот ден американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ја заостри реториката со изјавата на твитер дека дал инструкции за отварање оган и уништување на сите ирански воени бродови кои ја вознемируваат морнарицата на САД.
Дадов инструкции на Морнарицата на САД да отвори оган и да ги потопи било кој и сите ирански воени бродови доколку ги вознемируваат нашите бродови на море.
-напиша тој на твитер.
I have instructed the United States Navy to shoot down and destroy any and all Iranian gunboats if they harass our ships at sea.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 22, 2020


