✋ Граѓаните се свесни за сопствената заштита и од тие причини неопходно е намалување на ограничувањето на движењето.
Благодарам на сите граѓани кои ги почитуваат мерките на Владата за ограничување на движењето.
Во текот на изминатото деноноќие од страна на Министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
✔️По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 66 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
✔️ На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.
Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 20 лица.