Во недостиг на храброст на премиерот Ковачевски од владеачката СДСМ да ги вкрсти копјата со аргументи на една тв дебата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, јавноста во Македонија за да изгради свој став за политичките прашања и да препознае подготвеност и решенија за надминувања на актуелната општа егзистенцијална криза на голем број на Македонски граѓани, е осудена да следи засебни интервјуа кои што до крај не можат да ја претстават разликата на понуда меѓу владеачката коалиција и опозицијата во државата.
Вечерва на Канал 5 ТВ во емисијата “Само интервју” ќе гостува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој се очекува да понуди решенија за премрежјата низ кои поминува македонското општество под управа на актуелната владина коалиција.++