Вработените на Јавното претпријатие “Стипион” од Штип почетокот на работната недела го започнаа со поставување на нова урбана опрема (детски реквизити) на територијата на Штип, санирање на оштетени метални столбови за улично осветлување, проширување на улица, подготовка на за изградба на потпорен ѕид, поставување на јавно осветлување долж пршачка патека, бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација.
“Дневни активности на Стипион 04.07.2022
Поставување на детски реквизити на игралиштето во населбата Сењак 4
Санирање на оштетени детски реквизити и оштетени метални столбови на територијата на Општина Штип
Проширување на дел од улицата Кочанска во населбата Дуизлак подготовка за потпорен ѕид
Припрема за осветлување на патеката од 8ми Ноември до населбата Балканска
Ноќно бележување на сообраќајната сигнализација во градот”
-стои во дневниот извештај на менаџментот на ЈП “Стипион” Штип.