Неправда е, и таа боли и пече, кога знаете дека терористи кои одземаа 5 животи се на слобода, и дека власта и Заев правеа политика од тоа. Неправда е да ветувате на родителите дека ќе го расветлите случајот, а да ги ослободите обвинетите и да го заборавите ветеното. Неправда е кога знаете дека ладнокрвни убијци на деца слободно се шетаат. Седум долги години од трагичната случка. Слава им на починатите. Да не се повтори.
-напиша на фејсбук Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.