• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Потрошувачката синдикална кошничка над 34 илјади денари. Дали може да си ја дозволите?

октомври 10th, 2021 Колумна коментари 524

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Потрошувачката синдикална кошничка над 34 илјади денари. Дали може да си ја дозволите?

Од Сојузот на Синдикати на Македонија ја потврдуваат реалноста која што граѓаните секојдневно ја чувствуваат шетајки ги полиците на маркетите низ државата.

Од ССМ неодамна излегоа со информации за цената на потрошувачката кошница која е потребна да ги задоволи животните потреби на едно 4 члено семејство. Таа според ССМ заклучно со септември месец изнесува 34300 денари кои се потребни за намирување на потребите на семејството.

Цената на потрошувачката кошничка во изминатиот месец септември во споредба со месецот август пред тоа е зголемена за 50 денари а во споредба со месец јануари оваа година е зголемена за 740 денари.

Овој нагорен тренд на раст на цените на прехрамбените производи и трошоци во семејството неминовно го наметнува прашањето за состојбата со платежната моќ и нивото на раст на платите на населението во државата.

Од ССМ велат дека како решение на ваквата состојба е усогласување на износот на минималната плата во зависност од износот на просечната плата и тоа усогласување да биде 60% дефинирано со законска измена на постојниот закон.

Но ваквото предложено решение неминовно задира во преструктуирање на стопанството и корпоративните односи со што во сигурност ќе има прегрупирање на воспоставените деловни односи, пропаст на помалите и неликвидни компании и окрупнување на капиталот кај помоќните бизнис конгломерати. Вакото предложено решение од страна на ССМ може да доведе до гасење на голем број микро претпријатија и создавање на дополнителна невработена работничка класа на пазарот на трудот.

Покачувањето на износот на просечната плата од страна на актуелната Влада во минатите 3 години без реална подлога во реалниот сектор на пазарот на трудот и побарувачката на произвотството беше вовед во ваков синџир за развој на настаните, во кој што на крајот ќе се појави поголем број на невработени од она што стопанството може да го апсорбира на краток рок.

Можеби на средно-долг рок ваквото темпо на дефинирање на односите работник- бизнис сектор ќе води кон стабилизација, но на краток рок од една страна ќе значи голема сиромаштија и беда кај населението, кое ќе биде приморано да биде дел од финансиски помоќните фирми за подоцна нивната куповна моќ повторно да стагнира до некое идно преструктуирање на капиталот, и на екстремно долг рок ќе води до должничко ропство на Македонските граѓани.

Излезот од ваквиот развој на настаните може да се бара само и единствено во поддршката и унапредувањето на пазарно-произвотствените можности на малите и микро претпријатија кои што се загрозени со вака предложениот предлог од страна на ССМ.

Контролираниот и суштински дефиниран раст на стопанството и стандардот на населението мора постојано да се модерира од најдобрите економски експерти за микро и макро економски политики, со апсолутен фокус врз животот и стандардот на населението во корелација со одржливоста на микро и малите претпријатија во Државата.

За оваа тема и тоа како е потребна суштинска дебата во Македонија, која што во моментот наголемо изостанува во рамки на трипартитните разговори меѓу владата, реалните и релевантни претставници на работниците и работодавачите, пред било кои од ваквите политики да се имплементираат во законски решенија од страна на владата.

Пишува: Кирчо Анастасов

Поранешен долгогодишен синдикален активист

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Тихомир А. Јанчовски: Иднината не постои, и затоа никој не може да ја знае
Следна објава Николчо Стојменовски: Ќе воведеме субвенционирана автобуска линија до Скопје и до сите села во Делчево
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 620
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 635
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 619
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 605
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 533
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 972
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 618
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 761
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 802
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

950
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2139
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1496
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.