Потребни состојки:
300гр шеќер
100мл вода
125гр маргарин
5мл екстрат од портокал
90гр брашно
1 полна супена лажица рендана кора од портокал за глазура
150гр чоколадо
3 супени лажици масло
Подготовка:
Во еден сад соединете ги шеќерот и водата, промешајте да се растопи шеќерот и откога ќе зоврие варете 1 минута. Потоа додадете го маргаринот и тргнете на страна мешајки за да се растопи.
Во смесата ставете го брашното и мешајте убаво, вратете на оган и варете додека добиете густина како фил за торта убаво густо. Пред крајот додете ја ренданата кора од пртокал и екстрактот и промешајте убаво. Смесата ставајте ја во калап за пралини или доколку немате ставете ја во силиконски калап, а потоа сечете коцки.
Ставете во замрзнувач 30 мин за да се стегне. Во сад ставете го чоколадото и маслото да се растопат. Изладените пралини со чепкалка боцнете ги од долната страна, а потоа потопете ги во чоколадото.
Потопувајте ги во чоколадо додека се убаво изладени бидејки покасно омекнува смесата, не е кашава мегутоа многу полесно се ставаат во чоколадото додека се убаво изладени.
Рецептот е превземен од – Мои Рецепти