Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска по распуштањето на парламентот денеска преку социјалните мрежи се заблагодари на нејзините гласачи чии што интереси до последен момент во Македонското собрани ги застапуваше.
Пратеничката Пешевска беше под директен удар на власта на Зоран Заев во предвечерието на незаконските и насилнички промени на Уставот на Република Македонија во парламентот, кога таа и нејзиното семејство трпеа под постојана полициска уцена, упади во нејзиниот дом и апсења и приведувања со лежење во притвор, се со цел за да го скршат нејзиниот дух и решителност да опстои на одбрана на интересот на граѓаните кои гласале за таа да стане пратеник.
И покрај најсуровиот притисок и прогон од власта таа како што наликува на вистинска Македонска хероина не подлегна и опстои на одбраната на интересите на Македонскиоте граѓани.
Во продолжение го пренесуваме нејзиното обраќање до нејзините гласачи и сите граѓани на Република Македонија.
Јавна благодарност до граѓаните на Република Македонија за поддршка која ни ја даваа изминатиот период.
Чест и задоволство ми беше да бидам пратеник во Собранието на Република Македонија.
Гордо и достоинствено ве преставував Вас граѓаните, никогаш не ја изневерив вашата доверба и секаде одам со гордо крената глава!
Да живее Македонија!🇲🇰🇲🇰🇲🇰