Поенти од говорот на Пратеникот Никола Мицевски од Штип од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската расправа за започнување на постапка за промена на Уставот на Република Македонија предложена од Владата предводена од Зоран Заев:
-Колега Тунтев, денеска разговараме за жал за предлог за пристапување на измена на Уставот на Република Македонија врз основа на спогодба, а не договор во чие изготвување не бевме ниту консултирани, ниту вклучени. Се донесе закон за ратификација на спогодбата помеѓу Република Македонија и која што беше кажана како втората страна и Република Грција, закон којшто не беше потпишан од Претседателот Ѓорѓи Иванов и закон кој што не е пуштен во „Службен Весник“ врз основа на кој без почитување на опозицијата и без консултација за процесот сами донесовте одлука за организирање на консултативен референдум,
-посочи Мицевски кон Тунтев.
Тој образложи дека беа познати резултатите на референдумот , СДСМ продолжи со силување на демократијата во Република Македонија. Резултатите од ДИК кои беа објавени, замислете ДИК во која власта има мнозинство ја објави својата одлука која правно и формално не можеше да биде на друг начин и СДСМ продолжи со фиктивен процес.
-Господине Тунтев, прекинете да ги повикувате пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Вие не сакавте да се вклучиме во дебата и дискусија да ве потсетам спогодбата ја ставивте на Комисија за Европски, а не за надворешни за да дебатираме. Одлуката за организирање на референдум добивме 10 минути пред почнувањето на седницата. Зошто мислењето на 1.200.000 граѓани за вас не е евидентирано, јас сум еден од тие 1.200.000 граѓани. Јас не сакам да гласам за лошиот договор, јас ќе продолжам да ги почитувам граѓаните и ќе гласам согласно нивната одлука, а тоа е против промена на Уставот и промена на уставното име,
-нагласи Мицевски.