Во врска со изјавата на Зоран Заев од говорницата на Македонскиот парламент дека е подготвен да се договара со опозицијата за да гласаат за уставните измени а за таа цел ќе овозможел амнестија за судените за тероризам поврзани со настаните од 27 април минатата година во Македонскиот парламент, актерот Владо Јовановски кој се суди за тероризам проговори на фејсбукЧ
Милост може да бара само тој, кој што е виновен…
Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!
Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител!
Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..
“..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!