Денеска пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ зеде учество на едукативната онлајн конференција именувана “Имам став.”
Ваквиот настан беше во организација на Парламентарниот институт со натпреварувачки карактет со вклучени теми поврзани со младите и Македонската општествена состојба.
“Во организација на Парламентарниот Институт присуствувавме на едукативната активност “Имам став” со ученици. Активноста има компетитивен карактер на теми кои ги засегаат младите и македонското општество.
Младите луѓе беа подготвени за дебата, аргументирано ги бранеа своите ставови и одржаа високо ниво на толеранција. Македонија има иднина со овие млади луѓе.”
-соопшти Драган Ковачки- пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.


