Во недела не очекува историски ден. Ден на кој што Македонскиот народ ќе одлучува дали ќе се откаже од сопствениот идентитет и од сето наследство за кое што генерации пред нас ги положувале своите животи.
Во недела македонскиот народ ќе одлучува дали името Македонија, традицијата, историјата и културата ќе ги остави на идните генерации или со поддршка на договорот на Заев, со еден потег ќе избрише и ќе се откаже од се што е Македонско.
Поддршката на договорот е поддршка за амнестија и покривање на криминалите на Заев. Поддршката на договорот е поддршка на капитулантската политика и прифаќањето на грчките црвени линии.
Никој не му дал право на Заев да се коцка со се што е Македонско и да го става како влог Македонскиот народ.
Ние веруваме во мудроста и достоинството на Македонскиот народ и апелираме граѓаните да не потпаѓаат под манипулациите на власта, туку да постапат онака како што мислат дека е најчесно кон нив, кон нивните предци и нивните потомци.
Веруваме дека граѓаните, за разлика од Заев не се подготвени да си го продадат достоинството за награда од неколку илјади денари или закана за губење на работното место.