Фикусот, најчесто, се смета за украсно, декоративно растение, кое нема способност да зборува или да врши било какви други работи. Тој е тука да молчи, да биде нечиј декор. Неретко, фикусот се поврзува со одредена карактерна особина. Меѓутоа, оној момент кога фикусот (односно, „фикусот“) ќе проговори, прекинува да биде фикус и преминува во нефикус. Од друга страна, многу луѓе славени како „нефикуси“ се покажа дека се фикуси, сеедно колку и да зборуваат и убедуваат, бидејќи нивната функција секогаш била иста – да бидат нечиј украс во туѓ дом.
Едно од најпознатите растенија од родот фикуси е смоквата. Со нејзините лисја Адам и Ева се обиделе да ја сокријат својата голотијата и својот срам. Попусто. Нивниот г р е в, како и нивниот срам биле откриени. Така, колку некои „нефикуси“ и да се обидуваат да се позадскријат, нивниот срам и нивната голотија засекогаш ќе останат разголени.