Српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва даде свое мислење за резултатот на референдумот и начинот на кој тој се спроведува во Република Македонија.
„Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една земја. Стравувам и ми се чини дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се, мислат: ќе видиме ако може со народот, ако не, тогаш не со народот, ќе се обидеме со притисок врз пратениците, ако не може ниту тоа, не е важно, тоа мора да биде така. Го почитувам договорот меѓу Македонија и Грција, но исто така луѓето од Европа и светот да покажат почитување кон малите народи.
„Европа мора да се постави поодговорно “
– изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.