По одржувањето на денешниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот Христијан Мицкоски упати кратко соопштение во јавноста во врска со кандидатурите на партијата за кандидати за градоначалници на претстојните Локални избори кои ќе се одржат во првиот круг на 17 октомври и евентуално на вториот круг.
“Денес заседаваше Централниот комитет и ги потврди одлуките за кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори. И во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца.
ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика!
-соопшти Мицкоски преку социјалните мрежи


