• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Презвитер Ивица Тодоров со колумна која треба да ја прочита секој Македонски православен христијанин

јули 17th, 2018 Македонија коментари 1057

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Презвитер Ивица Тодоров  со колумна која треба да ја прочита секој Македонски православен христијанин

“ Е да, често пишувам за процесот што го одржува и пропагира „структурата“ која има за цел во човештвото, за почеток во развиените западни демократски општества, а потоа и пошироко, да ги истисне сите здрави, нормални, природни и од Бога благословени и заповедани вредности, вистини и модели на живеење. Тој ПРОЦЕС е препознатлив по тоа што е плод на лажно-слободарската идеологија позната како неолиберализам. Оваа идеологија во име на „слободата“ и „човековите права“ ги ослободува и правно ги заштитува сите огревовени, перверзни и нездрави пројави на човековата оболена природа и личност. Всушност, тие не признаваат дека човековата природа и личност се во состојба на оболеност и огревовеност затоа што оваа концепција на вреднување на човекот е втемелена на христијанските, но и на објективно научните вистини и сознавања за реалноста на човековата личност и природа!

„Структурата“ што ги подржува неолибералните погледи за човекот истите ги темели на еволуционизмот, на негирање на постоење вистина за Бог и за човекот и на тотален релативизам. Всушност, нивниот процес за ЗАРОБУВАЊЕ на човештвото во името на „слободата“ е втемелен на краен РЕЛАТИВИЗАМ кој треба да поттикне НИХИЛИЗАМ, односно противење и НЕГИРАЊЕ на било какви објективни и докажани вредности, вистини и модели на живеење. Ова противење, засилено со сериозна пропаганда и со правна заштита втемелена на прилагодените законодавствата на конкретните држави треба да формира НОВ ТИП на ментален склоп и начин на однесување кај луѓето!

Начин на однесување кој ќе ја отвори „вратата“ на:

1. антитеизмот и крајниот антитрадиционализам,

2. на перверзната слобода во пројавата и изразувањето на сексуалноста (LGBTIQ/ gender идеологија/ Истанбулска конвенција),

3. тотално релативизирање на поимите „БРАК“, „СЕМЕЈСТВО“, „ПОТОМСТВО“ и „МОРАЛ“,

4. формирање на сосем ново доживување на општеството, колективитетите, религиите, вредностите,

5. ширење на култура на ПОВРШНОСТ, конформизам, СУБЈЕКТИВИЗАМ, потрошувачко општество, хедонизам и КРАЈНА ОТУЃЕНОСТ!

Финалето на овој процес е формирање на општество од крајно отуѓени и морално уништени индивидуи кои лесно од краен либерализам ќе бидат воведени во перфиден тоталитаризам на „антихристовото“ време! Всушност, само христијанството може да го објасни ова време, односно, целта на постоењето на овој деструктивен ПРОЦЕС. Само Божјото откровение запишано во Светото Писмо и автентично практикувано во Црквата може да ни помогне успешно да се движиме во ова време на општа ЗБУНЕТОСТ. Само благодатното РАСУДУВАЊЕ втемелено на заповедите и ВОДСТВОТО Божјо може да ни помогне да не заскитаме во „слепи улици“ или да бидеме марионети во рацете на „структурата“ која ќе се обидува да не ОКУПИРА во името на „слободата“. Исто така, треба да се знае дека ВО ОВА ВРЕМЕ автентичните христијани (оние кои знаат што се и зошто се) својата битка против овој ПРОЦЕС треба да ја водат како преку крајно здрав евангелски духовен живот и силно црковно заедништво така и преку МУДРО АНГАЖИРАЊЕ во политичките процеси, како во рамките на своите држави, така и на глобален план – и се така до времето на прогонството, до времето на АНТИХРИСТОТ во кое најголемиот подвиг ќе биде да се сочува умот и верата! Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот; и му се поклонија на змевот, кој што му беше дал власт на ѕверот; му се поклонија и на ѕверот, велејќи:

„Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?”

Нему му се даде уста, што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеца. Тогаш ја отвори устата за хулење поротив Бога, за да го похули името Негово, живеалиштето Негово и оние, што живеат на небото. И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ. И му се поклонија сите жители земни, чии имиња не се запишани во книгата на животот при Агнецот (Јагнето/ Христос), заклан од созданието на светот.

Кој има уво, нека чуе!

(Откровение. 13, 3 – 9)

Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни,неправедни,недружељубиви, непомирливи,клеветници,невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле.

И од нив одвратувај се! (2. Тимотеј. 3, 1 – 5) „Џендер (GENDER) идеологијата има во план да формира „нов човек“ кој освен што ќе ги има сите слободи, ќе ја има слободата да го избере и сопствениот пол и сексуалната орентација, односно, ќе може да решава дали ќе биде маж или жена (или нешто друго), ќе може да избере дали ќе биде хетеро или хомосексуален, бисексуален или транссексуален! Овој принцип на слободата и сексуалноста, по воља на ООН, Европската унија и повеќето европски држави ќе се ВНЕДРУВА во умовите на децата уште од детската градинка!“, Габриела Куби”.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Стевчо Јакимовски - " Море марш! И НАТО, и свети НАТО и вие со него!"
Следна објава Дали има полиција и институции во државата Република Македонија да санкционираат говор на омраза и насилство???
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 685
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

668
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1977
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.