По повод 31-та манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов организираше прием на официјалните делегаци, гости од збратимените општини.
Оваа година кочанчани се домаќини на гости од Општина Казанлак, Општина Перник и Општина Разлог од Република Бугарија, Општина Крижевци од Република Хрватска, како и Фолклорните Ансамбли од Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија.
Утре со почеток од 10 ч. на оризните полиња во с. Горни Подлог ќе се одржи традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, доделување награда за најдобар оризопроизводител, настап на домашни и странски фолклорни групи и концерт на Ирена Спасовска.
Со почеток од 12 ч. во Градскиот Парк ќе се одржи културно-забавна програма – концерт на Зарина Првасевда, а од 19 ч. – концерт на Паркети и група Дејзи.