Во врска со тврдењето на Професорот Ѓорѓе Марјановиќ, професорката на Правниот факултет во Скопје, Билјана Ванковска излезе со свој став кој е сосема осудувачки и спротивен на оној на повозрасниот професор.
Разочарувањето од некои луѓе е огромно! Ова би ми звучело дури и како фејк њуз да не била ТВ изјава. Од овој човек и од Шкариќ научив што е право и владеење на правото. Сега ги гледам како бараат селективна примена на овој принцип. ЦЕЛИОТ Преспански процес е навреда за здравиот разум и за владеењето на правото! Одговорноста на политичарите е MUST, ама и за двете/трите страни. И тоа нема никаква врска со националните интереси.
П.С. Ова ме потсети на фактот што многу од моите најбрилијантни студенти ми пишаа прекрасни писма овие денови. Се надевам дека нема да дојде ден да ги разочарам.
-напиша на фејсбук Ванковска.