• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Проф. Билјана Ванковска за Зоран Заев: не ја надраснал паланката ни во себе ни околу себе

јануари 7th, 2019 Македонија, Став коментари 1018

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Професорката Билјана Ванковска денеска на фејсбук објави интересна споредба на одредени аспекти на ликовите на Никола Груевски и Зоран Заев.

Иако текстот е подолг вреди да се прочита:

Никогаш не сум се сложувала со тезата дека личностите ја определуваат историјата, туку сум го мислела обратно – дека историските околности создаваат (историски) личности. Сепак, така моделираните „лидери“ оставале трага зад себе и вршеле влијание и врз текот на историските настани.

Размислував за Груевски и Заев, откако вчера го изгледав предновогодишното интервју на Заев за 1ТВ. (Баш мазохистички од мене, нели?) Интервјуто ме потсети на еден сличен обид пред повеќе години, кога Ана Јовковска се обиде да направи неполитичко, лично интервју со Груевски – да разговара со човекот, а не со политичарот. Се сеќавам дека видов толкава празнотија, толкав амбис, отсуство на личност која би имала траги на топлина, човечност, емоции, сколности, итн. – што ме фати страв! Ана беше прекрасна: трпелива, ненаместено љубезна, со убави прашања, со настојување соговорникот да го опушти – но тој, цел на штрек, згрчен, уплашен дека зад љубезноста се крие задна намера.

Идејата на ова последново интервју со сегашниот премиер беше слична: да се разговара со човекот, да се зборува за неговиот личен живот, а не за политичарот. На прв поглед, оваа новинарка имаше многу полесна задача. На прв поглед, Заев е отворен и поопуштен пред камери. Но, празнотијата е речиси идентична – „принцип је исти, све су остало нијансе“.

Новинарката (со многу послаб и пододворувачки однос кон премиерот од оној на Ана Јовковска) не можеше да го натера да зборува за себе, како личност, бидејќи или личност воопшто нема или таа е одамна поклопена со тајкунот и политичарот. Она што меѓу редови се гледа (ако веќе не е видено и „апла“) е необразованоста, конзервативизмот (кај божемен левичар, нели) и традиционализмот. Она за Арестотел веќе го коментирав, но тука поентата ми е во нешто друго. ЗЗ е амбициозен човек кој се’ уште живее во семејна задруга, каде принципите на патријархатот се длабоко вкоренети. Тоа што во слободно време бил најсреќен со моторот да оди во природа е само израз на една недозреана личност која така доживува исполнување. Односот кон жените/жената во семејната задруга е типичен за задруга: мажите во една соба договараат за бизнисот, а на жените тука не им е место (нив не ги вознемируваме, си имаат тие други обврски). (Овде дополнувам нешто што пропуштив: улогата на жените во неговата фамилија, како што можевме да видиме е да бидат секси, атрактивни и глупавко тивки).

Многу посуштествено е што – по кој знае кој пат – јавно признава дека иако е премиер се уште е непосредно инволвиран во водењето на фирмите. Ова е човек кој со сета сила сака да се прикаже како обичен, народен (а не богат и моќен), но неговата обичност е што не ја надраснал паланката ни во себе ни околу себе. И пошироката семејна слика покажува на луѓе кои се лажни верници, а вистински снобови. Ова е човек кој не знае ни да дефинира што е тоа што го прави среќен или несреќен – тој не умее да излезе надвор од вообичаените фрази.

Во него нема ни дух, ни шарм, ни духовитост, ни длабочина. ПРАЗНОТИЈА И ПЛИТКОСТ, тоа е се’ што ќе најдете во него (можеби и уште нешто, ама за тоа ептен не сум компетентна да ценам). Груевски страдаше од параноја, овој пак мисли дека сите го сакаат – двајцата страдаа(т) од месијански комплекс.

И да завршам, како што почнав – со Груевски. Вчера ми покажаа некое полуинтервју, интервју со посредник, што тој (или за него) го дал за Инфомакс. Човек не знае дали да плаче или да се смее. Бил скромен, се снаоѓал, го препознавале, ни го опишува животот во Унгарија, загрижен е што загаденоста на воздухот тука е многу повисока од чистиот воздух што тој го дише, за жената и децата една полуреченица… Накусо, човек кој страда што не е веќе Месија, што не е во фокусот на вниманието, индиректно покажува колку му недостасува да биде „некој и нешто“. (Тие од Инфомакс не ги коментирам, смешно е – демек, не можеа да направат вистинско интервју по емаил, како што јас давам за странски медиуми 😉 )

Овие двајца се само илустрација на „сјајот и бедата на куртизаните“ во политиката македонска… Ете, јас не верувам дека празни луѓе, луѓе сенки и обеземени со своето его, славољубие и моќ, можат да бидат државници и лидери. А такви сеништа и вождови не’ водат (во амбисот со дупло дно, дно дна – како сакате). Ако е ова врвот на сантата, тогаш може да замислите кој се’ се занимава со политика.

Ете, денес немам колумна поради празникот, па редовната доза си ја „испукав“ на оваа тема 🙂 Сега да се фатам за посериозна работа. Имајте убав ден, ако можете – јас не можам ни да помислам на славење, кога се спремам (психички) за погребот на Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Човекот е сериозен во своите напори да ги оствари своите ветувања
Следна објава Истражување кое потврдува дека козјото млеко е полесно за варење од кравјото во човечкиот организам
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

677
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2209
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.