Во домот на културата во Виница, во петок (21 јуни) со почеток од 20:00 часот, ќе имате можност да бидете дел од промоцијата на новата книга под наслов – “Генезис” на Игор Христов.
Книгата „Генезис“ е збирка поезија која е последен дел од трилогијата на авторот Игор Христов.
Книгите „Две љубови и еден живот“, „Потрага“ и „Генезис“ се сврзани со единството на општата замисла за љубовта на овој автор.
