Денеска за време на кратката пауза која ја имаа вработените во ЈЗУ “Гоце Делчев” од Делчево се реализираше промоција на книгата “Корона Катрени” од роднокрајниот автор, новинар и публицист Васил Маневски.
Предговорот на изданието го напиша Д-р Марија Глигоровска а рецензијата за книгата ја напиша Д-р Билјана Георгиевска.
Свое обраќање пред присутните лекари и останати здравствени работници во дворот на здравниот дом во Делчево имаше и директорката на ЈЛБ “Илинден” во Делчево.
Поради временскиот теснец авторот Маневски пред присутните имаше свое кратко обраќање при што прочита и неколку катрени од своето ново литературно дело.
Настанот кој беше своевидно оддолжување на авторот за залагањето кое што здравствените работници го прават во битка со заразата, се организираше со запазување на сите мерки за заштита од Ковит-19 согласно препораките на надлежните.
Во продолжение погледнете ја атмосферата од самиот настан како изјавите на Васил Маневски и директорката на ЈЗУ “Гоце Делчев” како организатор на настанот.