Тапанот претставува традиционален инструмент кој од памтивек е присутен во народното музицирање на овие простори.
Изработката на тапан е сложен и макотрпен процес што бара многу знаење, искуство а пред се талент и истенчен слух.
Надалеку познатите мајстори за изработка на тапан од Делчево се задолжителоно и едни од најдобрите мајстори за музицирање со овој традиционален инструмент.
Занаетот се пренесувал од генерација на генерација од татко на син, од дедо на внук.
Еден од мајсторите за изработка на тапани е и младиот делчевчанец Христијан Николовски, кој што овој занает го научил од неговиот татко, кој исто така има изработено многу квалитетни тапани.
Христијан е дел од Ансамблот МАКЕДОНИЈА, каде твори и работи веќе подолг временски период.
Христијан е исто така и професионален музичар и вистински мајстор за свирење на тапан.
Во продолжение погледнете го видеото што Ансамблот Македонија го подготвија во Етнолошкиот дел од Музејот на Македонија:
Од страна на МТВ во рамки на поранешната држава Југославија имаше развиено напреден систем за негување и афирмација на традицијата и народното творештво преку фолклорот. Во последните 30 години оваа пракса беше напуштена во голема мера, што претставува своевиден предизвик за надлежните во иднина да работат на ова поле поинтензивно и систематски.