Агенцијата за храна и ветеринарство распиша оглас за вработување на 1 Албанец(ка) во Подрачната единица на оваа државна институција во Виница.
Станува збор за вработување на Помлад инспектор за инспекција за храна ПЕ Виница во Одделението за државна инспекција за храна од неживотинско потекло во Сектор за инспекциски надзор чие што вработување е содржано во Годишниот план за вработувања на оваа институција за 2020 година.
За самиот оглас реагираа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница кои што упатија порака дека станува збор за постапка преку која Концептот кој што го презентираше и за кој што се бореше СДСМ во изминатите 4 години денеска се презентира на дело.
“Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија распиша оглас за вработување на инспектор за инспекција за храна во Подрачно одделение ВИНИЦА.
НАПОМЕНА: Според годишниот план на институцијата, вработувањето е предвидено за Албанец(ка).
Концептот едно опшество за сите презентиран на дело!
-стои во реакцијата на опозицијата во Виница.