Средношколската организација “Средношколски глас” денеска упати своја реакција со револт кон нефункционалноста на националната платформа за онлајн учење од дистанца која што Министерството за образование и наука и Министерката Мила Царовска ја подотвуваа и најавуваа во изминатиот период согласно потребите на министерството во услови на пандемија.
На само еден ден пред официјалниот почеток на учебната година било закажано тестирањето за учениците но проблемите на самата софтверска алатка оневозможувале нејзино користење.
“Денес на 29.09.2020 година беа закажани првите пробни часови на националната платформа. Требаше да се приклучат и основните и средните училишта и да се одржат првите пробни часови, но сите обиди за приклучување завршија со објаснување дека паднал системот. Ваквото фијаско се случува на само еден ден пред почетокот на учебната година, но исто така еден од големите проблеми е и недостапноста на платформата за на мобилните телефони. На крајот тестирањето се сведе на обиди за приклучување и нервози кај родителите и учениците. Средношколски Глас будно ги следи случувањата и го изнесува гласот на средношколците.”
-стои во реакцијата на “Средношколски глас” упатена во јавноста.