Денеска Градоначалникот на општина Македонска Каменица го објави почетокот на уште еден значаен проект за жителите на овој рударски град на истокот од државата. Денеска започна изградбата на нов паркинг простор во централното градско подрачје каде што имаше потреба за намалување на сообраќајниот метеж и ослободување на околните улици и останатите јавни простори од паркирани возила што имаше сериозен удел во квалитето на сообраќај во Македонска Каменица.
“Започна изградбата на уште еден паркинг простор во централното градско подрачје кој ќе биде завршен за десетина дена. Потоа ќе следува изградба на паркинг кај ЈП “Камена Река” и пристапна патека над трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица.”
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица во оваа прилика.


