• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

јануари 21st, 2021 Македонија коментари 819

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ДЕБАТАТА ЗА НАЦРТ КОНЦЕПЦИЈАТА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПОСТАВЕНОСТА НА МУЗИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО НЕА

одржана на 28 декември 2020 година

До:

Министерство за образование и наука на РС Македонија

г-ѓа Мила Царовска, министер за образование и наука во Владата на РС Македонија

Од:

учесниците на дебатата за нацрт концепцијата за основно образование и поставеноста на музичкото образование во неа

Предмет:

Заклучоци од дебатата за нацрт концепцијата за основно образование и поставеноста на музичкото образование

Почитувана г-ѓо Мила Царовска, министер за образование и наука во Владата на РС Македонија,

најнапред Ви се заблагодаруваме на исцрпната презентација на нацрт концепцијата за основно образование. Учесниците на дебатата – претставници на професионалните здруженија, високообразовните музички установи и националните установи од областа на музичката култура и уметност – ги поддржуваат сите залагања на МОН за изнаоѓање оптимални решенија во образовниот систем насочени на растоварување на бројот на предметите, концентрација на насоките на учење, поттикнување креативност и способност за самостојно размислување и анализа кај учениците, разоткривање на потенцијалот и индивидуалните својства на детската личност. Во таа насока, и Здружението на музички педагози, и високообразовните музички установи, и други институции и поединци повеќе пати укажуваа и повторно укажуваат на незаменливата и непроценлива улога на музичките активности кои се одвиваат на часовите по музичко образование, изборните предмети од областа на музиката и на активностите во училишниот хор и оркестар за постигнување на овие цели.

Бројни се истражувањата кои научно докажуваат дека правилно водени музички активности од најрана возраст на детето директно придонесуваат за неговиот сестран развој (интелектуалниот, емоционалниот, моралниот, естетскиот и др.), позитивно влијаат врз успехот во учењето заради поврзувањето на интелектот со интуицијата и имагинацијата, го поттикнуваат развојот на говорот, ја будат креативноста, делуваат врз формирање на работните навики, осет за тимска работа, учење за други култури и почитување на различности.

Покрај сево ова, музиката претставува белег од огромно значење на националниот и културниот идентитет. Во ситуација кога звучниот простор е преплавен со музичките појави со ниско естетско и етичко ниво, часовите по музичко образование, по изборните предмети од областа на музиката, како и учеството во хорот и оркестарот за голем број ученици претставуваат единствено место кадешто тие можат да се запознаат со трајните вредности на домашната и светската музичка култура во сите музички жанрови, како и на изворниот фолклор на својата и другите етнички заедници.

Од друга страна, музичките активности, а особено хор и оркестар, претставуваат можност за заедничко музицирање и дружење на учениците од различни етнички заедници, за што има исклучително позитивни примери во училиштата на РС Македонија во кои наставата се одвива на различни наставни јазици, како и во збратимените училишта.

Нашиот увид укажува дека сегашната поставеност на музичкото образование со актуелниот модел на наставата, усвоените и промовираните од страна на МОН наставни програми, изработените дигитални содржини, начинот на функционирање на училишниот хор и училишниот оркестар во целост е соодветна како со горенаведеното, така и со приоритетите и насоките содржани во новата предлог концепција:

– содржи интеграција на содржините, како во рамките на предметот, така и меѓу предметите од различни области;

– нуди флексибилност во наставните програми и планирањето на наставата;

– содржи иновативни приоди во наставата, проекти, искуствено учење кои се во природата на музичката настава и се спроведуваат на часовите по музичко образование, изборните предмети од областа на музиката и училишните хор и оркестар;

– овозможува прилагодување на наставата и оценувањето за различно ниво на вродениот потенцијал на учениците и индивидуалната манифестација на музичкиот талент;

– музичките активности на часовите и во училишните ансамбли придонесуваат за создавање позитивна клима во училиштето и личен развој на учениците;

– вербата дека „секој ученик може да учи и да се развива“ секогаш е манифестирана кај наставникот по музичко образование, особено во условите на задолжителната масовна музичка настава, без оглед на нивото на способностите на учениците.

За да се остварат сите наведени придобивки на музичкото образование и натаму да расте неговиот квалитет пресуден е стручниот наставник – познавач на различните жанрови и стилови на музичката уметност и поседувач на разновидните професионални компетенции сврзани со различни области на музичката дејност.

Во таа смисла, учесниците на дебатата сметаат дека:

– двата предмета од областа на уметности – музичкото образование и ликовното образование – треба да бидат самостојни заради нивната комплетно различна природа и различни вештини кои се совладуваат, а со модуларниот начин кој се предлага кај учениците ќе се изгуби континуитетот и квалитетот во совладувањето како на вештините, така и на комплетната наставна материја;

– интегрираниот пристап треба да се остварува на нивото на предметните содржини, за што кај наставниците по музичко образование веќе постојат бројни позитивни искуства за интеграција не само со уметничките предмети, но и со предметите од областа на јазиците, техничките науки, историја и др. Моделот на интегрирани предмети е соодветен за предучилишно образование и одделенска настава, а натаму треба да се изучуваат обликувани научни и уметнички дисциплини со свои предмети на проучување, терминологија и методологија;

– со цел квалитетно совладување на разновидните наставни содржини и вештини, но и со оглед на тоа дека токму часовите по музичко образование претставуваат ретка можност за слобода, релаксација и изразување на креативноста на учениците, бројот на часовите треба да изнесува 2 часа неделно во сите одделенија  – особено во споредба со предложениот преголем број часови по математика (дури 5 часа наспроти сегашните 4 уште во прво одделение и во целата одделенска настава);

– за зголемување на квалитетот на музичката настава и правилното насочување на музичкиот развој на учениците предметните наставници треба да бидат вклучени во наставата, почнувајќи со 1 одделение, заедно со одделенските наставници;

– функционирањето на училишниот хор и училишниот оркестар треба да биде обврска на секое училиште и да добива потполна и сестрана поддршка на училишната администрација, општините и други фактори, а часовите по хор и оркестар треба да бидат во фондот на наставникот заради тежината и обемот на изведување на таа настава;

– истите фактори треба да ја реализираат потребата од опременоста на училиштата со музичките кабинети, музичките инструменти, техничките средства, ИКТ и сл. за квалитетната реализација на наставата и други музички активности;

– принципот на стручноста на наставникот треба да се применува и во воннаставните активности чиишто содржини треба да се реализираат на високопрофесионално ниво;

– за воннаставните активности од областа на танцот треба да се вклучи соодветен кадар дипломиран на студиската програма за балетска педагогија (класичен балет и современ танц) на ФМУ – Скопје;

– за предметот музичко образование како задолжителен потребно е да се изготвуваат учебници, најмалку од вториот образовен период, со структурирано водење во различните наставни теми и содржини, особено со можностите кои ги нуди дигиталниот формат.

Образовниот систем на РС Македонија досега има изградено одлични решенија – како програмски, така и организаторски – во доменот на масовната музичка настава, со квалитетни наставни програми, систем на оценување, вклученост на учениците, функционирање на училишните хорови и оркестри кои редовно учествуваат на градските, регионалните, државните но и меѓународните фестивали и натпревари, а со тоа претставуваат непроценлив расадник на музичката култура, делувајќи на долги патеки. Кои било понудени реформски решенија во потрага по нови идеи, модели и сознанија треба да го зачуваат и да поддржат се‘ што се покажа како добро, функционално, корисно и успешно.

Да не заборавиме дека масовното задолжително музичко образование е еден од темелите на музичката култура на РС Македонија која со своите дострели во музичкото и балетското творештво и изведување е препознатлива во светот. Зачувувањето на оваа позиција и овозможување на уште поголем квалитативен растеж е обврска на сите чинители на музичкото образование и култура.

И понатаму стоиме на располагање за сите потреби на МОН и БРО во врска со прашања и проблеми на музичката настава и за изнаоѓање решенија.

Бараме претставниците на ЗМП и на музичките факултети и академија при државните универзитети во РС Македонија да бидат поканети како експерти од областа за доработување на предложената нацрт концепција.

Со почит,

Здружение на музички педагози на РС Македонија

претседател Силвана Гелевска

Факултет за музичка уметност – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

декан проф. м-р Живко Фирфов

Музичка академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

декан проф. м-р Антонијо Китановски

Факултет за уметности при Универзитетот во Тетово

декан проф. м-р Нафи Јашари

Сојуз на композиторите на Македонија

в.д. претседател проф. д-р Јане Коџабашија

Сојуз на музичките уметници на Македонија

претседател проф. м-р Љубиша Кировски

НУ Национална опера и балет

потписник

НУ Филхармонија на РС Македонија

потписник

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Илија Димовски: Случајот МОНСТРУМ беше свесно и намерно злоупотребен од СДСМ
Следна објава Во 2020 год. најмалку 1700 штипјани останаа без работа, со најава за дополнителни 300 отпуштања а СДСМ вработува партиски војници во локалната самоуправа, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 715
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 670
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

773
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2040
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.