Револуции прават луѓе со интегритет и создадени вредности зад себе, кои имаат визија поддржана од народот.
Шљам може да прави само шлакатарници и зад себе да остави прљавштина.
Се случува чесни и паметни да бидат заведени од сопствените емоции, не од ,,револуционерите“, но кога емоциите ќе спласнат сѐ што останува е духовната беда и нечесноста на ,,револуционерите“.
Мислам на поттикнувачите кои не се ниту лидери.
Лидерот прв гине, не остава други да гинат за него.
Во љубовта, додека сте заљубени, вашите емоции, на сувата гранка која ја сакате, и налепуваат кристали (особини) кои сјаат во вашите очи.
Кога ќе исчезнат емоциите, кристалите ќе се стопат и успевате да видите дека сувата гранка сепак е само сува гранка.


