Во време кога СДСМ ја има апсолутната власт во државата повеќе од три години, градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски ја обвинува опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за руинираната фасада на училиштето Св. Кирил и Методиј кое што е под надлежност на локалната самоуправа.
Тој по овој повод упати свое соопштение во јавноста:
На ваквото негово соопштение пласирано во овој предизборен период реагираа од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе со што го потсетија градоначалникот на неговите обврски дека е надлежен за одржувањето на локалната инфраструктура. Од опозицијата го повикуваат градоначалникот дека актуелната власт и директор на училиштето се надлежни за чистење на вегетацијата во олукот поради чие затнување е предизвикана штетата.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ пласирана преку социјалните мрежи:
“Дали ѕидот и фасадата би испукале кога на олукот не би имало вегетација поради која водата со месеци се сливала по ѕидот??? Кој е одговорен за тековното одржување на објектот, сегашната власт и директор или поранешната која ја реставрираше фасадата на училиштето???
Не е само да се направи треба и да се чува… А власта на сдс знаеме колку знае да чува, видовме и со државата еве гледаме и со училиштето…”
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети николе.