Преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) американската влада додели на Македонија помош за справување со кризата со Ковит- 19 во износ од 1.1. милион американски долари.
Од Американската амбасада во Скопје информираат дека САД овие пари ги овозможуваат за користење преку Светската здравствена организација и преку Фондот за деца на Обединетите нации- UNICEF за имплементација на активности за поддршка на земјата за да одговори соодветно на Ковит- 19 заканата.
USAID работи со блиска координација со Владата на (терминот на с) Македонија, меѓународни хуманитарни партнери и други организации за идентификација на приоритетни области за инвестирање, соопштуваат од американската амбасада во Скопје.
Преку оваа помош владата на САД ќе поддржи:
-Зајакнување на лабараториите за подготовка на лабораториски системи за масовно тестирање за Ковит- 19,
-Следење и брз одговор за подобрување на идентификација на случаи и настани поврзани со Ковит- 19. USAID исто така помага на земји во обука и опрема на тимови за брз одговор за истражување на случаи и спроведување на поединечни истраги.
-Комуникации за едукација на луѓето на чекорите кои треба да ги превземат за да го превенираат и соодветно одговорат на проширувањето на вирусот преку специфични кампањи на земјата.
Менаџирање на поедини случаи за подобрување на клиничката грижа и минимизирање на ризиците за понатамошна трансмисија на други,
-Превенција на инфекција и контрола за превенирање и контрола на инфекции во здравствените установи.
-стои во соопштението на Амбасадата на САД во Скопје.