Милениците на помладата Македонска музичка публика Некст Тајм денеска на социјалните мрежи ја најавија својата нова обработка на Македонска традиционална песна која ќе се надоврзе на приказната на претходните “Јовка Кумановка”, “Нешто ќе ти питам бабо”, “Сушам кај шумат шумите” и “Ја излези Ѓурѓо”.
Истовремено бендот работи на остатокот од песните за нивнито нов албум кој ќе ги содржи сите обработки на стари Македонски песни во поп-рок стил препознатлив за бендот.
Во продолжение го пренесуваме краткото соопштение упатено до јавноста од страна на бендот:
“Не можеме да го дочекаме денот кога ќе ви ја презентираме новата обработка.Само едно може да ви ветиме, нема да ве разочараме.
Во меѓувреме ги подготвуваме и останатите песни кои што треба да се најдат на албумот.
Веруваме дека тој албум ќе остане за годините што идат!!! Наскоро!!!”