Централните митинзи на владеачката СДСМ во рамки на предизборната кампања ќе започнат денеска со претставување на кандидатот за градоначалник на Битола, од нивните редови Христо Кондовски. Централниот митинг е закажан за денеска во 20.00 часот каде исто така ќе бидат промовирани кандидатите за советници од владеачката партија во општинскиот совет на Битола.
“Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.
Караванот своите активности завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.
СДСМ со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.”
-соопштија од СДСМ за нивниот почеток на кампањата.


