• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

СДСМ прави поткуп преку вработување во предизборни цели, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

март 31st, 2019 Македонија, Политика коментари 727

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СДСМ прави поткуп преку вработување во предизборни цели, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Во редица на прес конференции и реакции до јавноста, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе повеќе пати алармираат за злоупотреба на институциите од страна на власта на СДСМ за остварување на политички профит во предизборни цели.

На денешната прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од партиското седиште на прес конференција обелодени уште еден од низата на случаи на објавени огласи за вработување на лица во време на предизборна кампања, што внесува основано сомнение дека ваквите вработување може да се користат за уценување при гласање на изборите.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Наум Стоилковски:

“По огласите за вработување во УЈП и во Македонија Пат, денеска повторно ќе посочиме на oглас за вработување распишан во предизборен период, што е можност да се разгледува како Поткуп во изборни цели.

Министерството за финансии Бирото за јавни набавки на 28 Март, три дена пред почеток на претседателската кампања бара 22 времени вработувања во Царинската управа!

22-ца времено ќе бидат ангажирани во Царина, за кои што понудите ќе бидат доставени до 18ти април, три дена пред првиот круг на претседателските избори.

Еве ја понудата во пари тешка над 2 милиони, 203 илјади денари но, во етичка и уште повеќе во правна смисла многу потешка.

Ова е тешка манипулација, се нуди времено вработување за 22 лица, со можност за замена на работа за посакувано однесување на изборите! Ова се нови 22 кои со претходно објавените 44 се веќе 66 семејства за кои објавуваме дека се врши класичен поткуп во изборни цели!

Ова е уште еден доказ за корупција во изборни цели, времени вработувања кои треба да бидат мамка за гласање за можност за постојани вработувања.

Од моментот кога се распишани избори секое вакво вработување, секој оглас е криминогено однесување со една единствена цел. Дури и овие ангажирања да се согласно годишните планови, многу е интересно што е тоа толку итно во УЈП, Македонија Пат или Царина, што не можело да се одложи за барем еден месец или да се завршело пред еден месец или два месеци?  Што е тоа толку големо и неодложно што овие 66-мина во УЈП, Македонија Пат и Царина мора сега и веднаш да го направат за да бидат и времено ангажирани на работа? Токму во предизборен период.

Пазете станува збор за вработување за УСЛУГИ! Што можат да бидат тие услуги кои вредат 100.000 денари годишно по вработен, односно месечно за нешто над осум илјади денари плата по ангажиран работник? И услуги кои што се неодложни и итни за да се спроведува вработување во предизборен и изборен период. 22 за по 8 илјади. Што ќе прават тие? Дали ќе ја намалат сивата економија и даночната евазија, ќе го обезбедат небезбедниот автопат Миладиновци Штип или ќе го дигнат капацитетот на Македонската Царина?

Одговорот на овие прашања почитувани е дека станува збор за корупција во изборни цели, станува збор за криминал! Ова се кривични дела од корпусот корупција. Има 24 дела во кривичниот законик, а во тие дела се поткупот, потоа злоупотреба на службена положба, трговија со влијание, и тоа е коруптивно кривично дело. Секаде каде се наметнува личниот интерес односно партиски, во извршувањето или неизвршувањето на службената должност е кривично дело, и сето тоа е коруптивен криминал!

Едно е сигурно, власта паѓа! Додека преговара за закон за јавнообвинителскиот систем влегува во нови изборни криминогени коруптивни дела! Тоа е показател дека знаат дека доаѓа времето на Правото и правдата! ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трговија со право и правда, трговија со демократијата!”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Врие во спортската сала: НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА! Народот доаѓа по своето...
Следна објава Како да се разбере последното уметничко дело на Next Time?
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1329
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

2105
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.