Синоќа салата “Јане Сандански” во скопски Аеродром во која се одигруваше ракометниот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампиони меѓу Вардар и Загреб, ечеше вистината за актуелната македонска голгота:
Никогаш Северна, само Македонија,
-ечеше во салата во еден глас.
Екипата на Вардар дојде до триумф и на домашен терен од 32:30 во осминафиналениот двомеч од Лигата на шампионите против ППД Загреб и со тоа на најдобар можен начин го потврди својот пласман во четвртфиналето од ЛШ.
Вардар славеше и на првиот меч во Загреб со 18:27 и со тоа практично беше со едната нога во следната фаза, а вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со победа од 32:30 го потврдија четвртфиналниот статус.
