Сите позитивни епитети деновиве одат за вработените на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица. Со многу посветеност, труд, љубов и внимание вработените во ова комунално претпријатие работат на секојдневно уредување на својот град да го понесе епитотот за најдобро уредена градска средина во регионот.
Во пресрет на чествувањето на денот на рударите и големиот христијански празник Пресвета Богородица кој се празнува за неколку денови вработените во во делот на јавна чистота и уредување на јавните површини во ЈП “Камена Река” како вредни мравки насекаде низ градот и општината може да се забележат како со своите вредни раце овозможуваат подобар животен стандард за каменичани.
“Работни активности на вработените во ЈП Камена Река задолжени за хортикултурно уредување и одржување на јавното зеленило во централното градско подрачје.”
-ги пофали градоначалникот на Македонска Каменица вработените во јавното претпријатие при што сподели фотографии од нивниот ангажман на социјалните мрежи.