Декларацијата на партиите на Албанците од Македонија, потпишана пред една година во Тирана, предизвика бурни реакции во македонската јавност. Овој документ беше веднаш разбран како услов на партиите на македонските Албанци за влез во која било наредна коалиција со македонска партија. Тоа беше демантирано, а декларацијата дури и беше прогласена за сосема небитен документ. Против оваа т.н. „тиранска платформа“ иницијативата „За заедничка Македонија“ со денови демонстрираше во Скопје. Еве каква е ситуацијата денес..