Кратко време откако беше поставена двојазичната табла во Неготино исчезна.
„Неготино и Кавадарци покажаа колку им значат Северџански и двојазични табли. Наскоро ќе дознаат Северџаните дека кратко им е времето на Македонската земја. Република Македонија засекогаш“,
-стои во објавата на фејсбук статус на Беломорска Партија за герила акцијата против таблата на два јазика во општината во која на последниот попис во 2002 година се регистрирани 0,1 отсто Албанци или вкупно 30 од 19.212 жители.